Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието ќе гласа за преодна влада – СДСМ предложи кандидати

Собранието ќе гласа за преодна влада – СДСМ предложи кандидати

Пратениците денеска ќе гласаат за избор на преодна влада.

Изборот на преодната влада денеска треба да биде точка на дневниот ред на седница на Собранието на Република Македонија.

СДСМ синоќа  реши кандидати за министри да бидат истите кадри и од претходната преодна влада и тоа  Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Фросина Ременски е кандидатка за министерка за труд и социјална политика, Кире Наумов кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Александар Кирацовски кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Преодната влада ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември.

Ад хок телото за медиуми почнува со следење на медиумите, а одговорен уредник на МТВ е Санта Аргирова.

Слично

Поврзани вести