Собранието ќе гласа за нов датум за избори
Собранието ја повлече одлуката за самораспуштање. Со 83 гласа „за" и три „против" пратениците вечерва ја отповикаа одлуката за распуштање на парламентот заради избори на 24 април.
Пратениците на СДСМ не гласаа, бидејќи тие бараат датумот на избори да се одреди кога прочистувањето на Избирачкиот список ќе биде при крај.
Распуштањето на парламентот треба да се помести за 7 април и согласно пропишаниот минимум од 60 дена по распуштањето да се одржат избори, тоа се совпаѓа со датумот 5 јуни. За ова ќе се гласа после полноќ.
СДСМ ќе гласа против, бидејќи не е постигнат договор за медиумите и нема напредок во прочистувањето на Избирачкиот список - едни од главните точки од Договорот од Пржино. Според СДСМ, без потребните реформи не може да има слободни избори.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со или без СДСМ, на петти ќе има избори. По половина час ќе започне расправата на која ќе треба да се изгласа новиот датум за избори.
Слично
