Собранието ќе даде мислење за помилувањето изборни неправилности
Уставните судии денеска го усвоија решението за оспорување на измените на Законот за помилување донесени во 2009 година.
Собранието во рок од 30 дена, треба да се изјасни и да даде свое мислење за одлуката на Уставниот суд, кој почна постапка со која ќе се оценува уставноста дали на претседателот на државата му се ускратени уставните права според кои тој не може да помилува лица осудени за изборни неправилности и педофили.
Откако ова мислење ќе се добие, Уставниот суд уште еднаш го разгледува целиот предмет и со просто мнозинство донесува конечно решение.
Прифаќањето на предлогот за измени во Законот за помилуваање, поднесен од страна на охридски адвокат предизвика реакции во јавноста.
Беа организирани неколку протести пред Уставниот суд и се бараа оставки за судиите, коишто гласаа за враќање на правото на претседателот за помилување на осудени лица за изборен криминал.
Слично
