Собранието ја усвои државната каса за догодина
Собранието доцна синоќа го усвои државниот Буџет за 2015 година. Со 65 гласа „за“ и без присуство на пратениците од опозицијата кои ја бојкотираат работата на законодавниот дом, Парламентот даде „зелено светло“ за трошењата догодина.
Приходите во Буџетот се проектирани на 163.280 милијарди, а расходите на 181.777 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 проценти од БДП, растот на економијата е проектиран на 4 проценти, а инфлацијата до два проценти. За капитални инвестиции предвидени се 21.209 милијарди денари.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во текот на расправата со Буџетот ќе се поддржи стопанството и стандардот на граѓаните преку планираните средства за капитални инвестиции и преку зголемувањето на платите, пензиите и социјалните надоместоци.
Пратениците од владејачкото мнозинство него критикуваа начинот на кој се распределени средствата во државната каса, туку напротив Буџетот го оценија како целосно реален и во функција на подобрување на стандардот на граѓаните.
За пратеничката Роза Топузова-Каревска, една од ретките од опозицијата кои не го бојкотираат Собранието, парламентарното мнозинство во отсуство на поголем дел од опозицијата не ја искористило шансата да даде критички осврт за Предлог-буџетот. Република Македонија треба да има буџет во функција на развојот и просперитетот на државата и парите да се трошат за народот, истакна таа.
Слично
