Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието го одобри повратот на ДДВ кај граѓаните

Собранието го одобри повратот на ДДВ кај граѓаните

Доцна синоќа Собранието го изгласа по скратена постапка законот за поврат на дел од ДДВ кај граѓаните, откако беше предложен во средата попладне.

Владата со истиот ќе враќа 15 отсто од ДДВ-то од фискалните сметки кај граѓаните од 1 јули со првата исплата предвидена во декември, а целта е намалување на даночната евазија.

Владата очекува зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, како и зголемена наплата на даноците, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници, стои во образложението на Законот.

Граѓаните ќе треба да ги пријавуваат податоците од бар кодот на фискалните сметки кои ги добиваат при купување на добра и услуги, преку апликативен софтвер за оваа намена на органот за јавни приходи.

Износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје по физичко лице.


Слично

Поврзани вести