Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието го изгласа ребалансот на буџетoт

Собранието го изгласа ребалансот на буџетoт

Собранието го изгласа ребалансот на државниот буџет.

Со 64 гласови „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои дополнетиот ребаланс на државниот буџет за 2026 година.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека тој претставува навремено и одговорно усогласување на буџетските проекции со новите економски околности, како и за обезбедување средства за исполнување на законските обврски кои во меѓувреме се случуваа и реализација на развојните приоритети.

Пратеникот Фатмир Битиќи, поранешен вицепремиер за економски прашања, на денешната расправа рече дека СДСМ ќе го гласа ребалансот, нема да реплицира, ама побара министерката за финансии, премиерот, власта, да ветат дека утре во 8 часот наутро ќе им ги исплатат субвенциите на земјоделците.

Слично

Поврзани вести