Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието го изгласа покачувањето на платите за административците

Собранието го изгласа покачувањето на платите за административците
Октомвриската плата за јавната администрација, која ќе биде исплатена на почетокот на ноември, ќе биде повисока за 4%. Собранието го изгласа зголемувањето на платите на административците. „Поради светската економска и европската должничка криза зголемувањето на платите одреден период беше одложено, но Владата изнајде доволно средства за да ја продолжи ваквата тенденција со цел подобар животен стандард на вработените во јавната администрација и нивно мотивирање за попрофесионално извршување на обврските“, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој нагласи дека пред економската криза, платите на администрацијата во Македонија биле зголемени за 25%.
Слично

Поврзани вести