Собранието го избра Оливер Андонов за нов министер за внатрешни
Собранието го изгласа Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи, на местото на Митко Чавков кој денеска поднесе оставка.
Предлогот на Владата во Собранието вечерва беше изгласан со 65 гласови „за“, ниту еден против и воздржан. Тој веќе ја положи заклетвата во Собранието на Република Македонија. Пратениците од опозицијата не гласаа и во текот на расправата рекоа дека Aндонов ќе биде закана за безбедноста и министер само десетина часа, додека, власта смета дека со смените во МВР ќе се намали евентуален непотизам од новиот министер што треба да го предложи СДСМ. Тие упатија остри критики на негова адреса затоа што учествуваше на протестите на ГДОМ и рекоа дека создавал омраза.
Андонов е роден 1971 година и доаѓа од позицијата декан на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“.
