Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието ги верификуваше мандатите и на пратениците од опозицијата

Собранието ги верификуваше мандатите и на пратениците од опозицијата
Иако не се појавија на денешната конститутивна седница, а по писмен пат до Собранието доставиле и известување дека не ги прифаќаат пратеничките мандати, сепак верификациската комисија одлучи дека нема основа на пратениците од опозицијата да им бидат верификувани мандатите. Избраните пратеници од листата на СДСМ и коалициските партнери, како и пратеникот на НДП доставиле изјави заверени на нотар дека се откажуваат од пратеничкиот мандат, а писмено известување до Собранието испратил и генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски. Но парламентарното мнозинство со гласовите на 86 избрани пратеници ги верификуваше мандатите на сите 123 народни избраници кои освоија пратеничко место на последните парламентарни избори. Во македонските закони не е прецизно дефинирана постапката на која пратеникот може да се откаже од мандатот во услови кога тој не е верификуван, но на овој начин од мандатите пред верификација се откажаа Ивица Коневски и Маријан Ристески во 2011 година. Според експертите, сега доколку сакаат да се откажат од мандатот, избраните пратеници ќе мора да поднесат оставки во Собранието.
Слично

Поврзани вести