Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието ги усвои законските измени за поевтини основни производи и гориво

Собранието ги усвои законските измени за поевтини основни производи и гориво

Собранието гдоцна синоќа и усвои измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и Законот за акцизите.

Со овие измени nема да се наплаќа ДДВ кај основните прехранбени производи, ќе се применува повластена даночна стапка од 10 отсто за горивата, а и ќе се пролонгира примената на повластена даночна стапка од 5 отсто за сметките за електрична енергија за домаќинствата до 31 декември 2022 година.
Дополнително, увозот на електрична енергија и природен гас ќе биде ослободен од ДДВ и ќе се пресметува намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење, во зависност од висината на зголемување на цената на овие енергенси на светските берзи.

Владата овие измени и дополнувања ги достави во четвртокот во Собранието заради ублажување на последиците од растот на цените на енергенсите и основните прехранбени производи на светските берзи.


Слично

Поврзани вести