Собранието ги прифати измените на Законот за работни односи
Прифатени се измените на Законот за работни односи со кои меѓу другото се предвидува поделба на годишниот одмор на два дела од страна на Собранието.
На вчерашната седница заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими појасни дека еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.
Исто така се врши и измена со која на работникот му се овозможува наместо користење на досегашниот еден ден од годишниот одмор по сопствен избор, да користи два дена со претходно известување на работодавачот од три работни дена.
Слично
