Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието даде зелено светло за предлог-законот за игрите на среќа, казината нема да смеат да се на 500 метри до училиштата

Собранието даде зелено светло за предлог-законот за игрите на среќа, казината нема да смеат да се на 500 метри до училиштата

Собранието денеска даде зелено светло, со 59 гласа ЗА, за предлог-законот за игрите на среќа. 

Со ова казината нема да смеат да се во растојание од 500 метри до училиштата, забрана за рекламирање на излозите на коцкраниците, се забранува рекламирање со кое коцкањето се претставува како начин до личен успех, секој апарат мора да има задолжителен систем за локација (GPS) за тековна контрола од страна на УЈП, лиценците нема да можат да се мултиплицираат, се воведуваат финансиски давачки за отварање на нови уплатно-исплатни места, зголемување на износите на банкарските гаранции и имплементација на препораката MONEYVAL (Совет на Европа) како стандард во борбата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам.

фото Фејсбук/Антонио Милошоски

Слично

Поврзани вести