Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието без кворум за одземање на мандатите, Опозицијата останува на ставовите

Собранието без кворум за одземање на мандатите, Опозицијата останува на ставовите

Немањето двотретинско мнозинство е причината поради која Трајко Велјановски, претседателот на Парламентот беше принуден гласањето за одземање на пратеничките мандати да го одложи за некоја наредна седница.

Имено, на денешната седница не присуствуваа пратениците од ДПА. Од пратеничката група на ДУИ беа присутни десетина пратеници, а не беше комплетна ниту пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициските мандати треба да бидат одземени поради неоправдани отсуства, е ставот на надлежната собраниска комисија. Належната собраниска комисија веќе утврди дека опозициските мандати треба да бидат одземени поради неоправдани отсуства.

Од опозицијата пак најавија дека остануваат доследни на своите ставови и потенцираат дека нема да се вратат во Собранието се додека  власта не прифати преговори за суштинските теми што ќе ги вратат демократијата и правото на слободен избор на граѓаните.

Слично

Поврзани вести