СОБРАНИЕ: Расправа за повеќе предлог закони!
На денешната 37-ма седница пратениците во Собранието на РМ ќе расправаат за повеќе предлог закони.
Во прво читање ќе се заседава за : Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа, Предлог законот за дополнување на Законот за иновациската дејност и Предлог законот за изменување на Законот за шумите, додека во второто читање се предвидени:Дополнетиот предлог закон за општата управна постапка, измените на Законот за управната инспекција, измените и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор, на Законот за финансиската полиција, измените на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, измените и дополнувањата на Законот за Царинската управа.
Пратениците ќе ги разгледаат и Дополнетиот предлог закон за изменување на Законот за денационализација, Предлот законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, Предлог измените на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија, сите во второ читање.
На дневен ред се и Предлог законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија во второ читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите во второ читање, Предлог законот за дополнување на Законот за судска служба во второ читање.
