СОБРАНИЕ: Ќе се одржат седници на три собраниски комисии
Денеска во Законодавнот дом на РМ ќе се одржат седници на три собраниски комисии.
Имено, Комисијата за труд и социјална политика е предвидено да расправа за измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред ги има Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата, во второ читање, и за измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање.
Законодавно-правната комисија, денеска е предвидено да се произнесе по предложените законски решенија кои се на дневен ред на двете горенаведени собраниски комисии, како и по неколку барања за автентично толкување на членови од конкретни закони.
