Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собрани 60.000 метри кубни отпад

Собрани 60.000 метри кубни отпад
Повеќе од   60.000 метри кубни отпад се собрани во акцијата „Македонија без отпад“ што се реализираше мината сабота низ цела држава, информира денеска заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски. Покрај отпадот, како што посочи, собрани се и над 10 тони хартија и повеќе од 20 тони ПЕТ амбалажа. - Резултатот од акцијата е подигнатата свест кај помладите, но и повозрасните граѓани, како резултат на добрата соработка на локалната и централната власт, рече заменик министерот за животна средина и просторно планирање по состанокот со координативното тело за реализација на кампањата „Македонија без отпад 2012“. Акцијата во која биле вклучени 54 општини со околу 55.000 волонтери се реализираше преку 438 различни настани, преку собирање отпад, стара хартија, ПЕТ амбалажа, едукација...

Според пратеничката Лилјана Поповска акцијата е значајна од три причини, бидејќи исчистен е голем дел од државата, се вклучивме во глобалната акција за чистење на светот и прв пат се собра секундарна суровина во толкави количини.

Претседателот на асоцијацијата „Ајде Македонија“ Антонио Јовановски изрази надеж дека акцијата нема да трае само еден ден, туку како шпто рече, секоју ден ќе се носиме со одговорноста за чиста животна средина.  
Слично

Поврзани вести