Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Собрани 250 потписи: Граѓаните од Ново Маало за изградба на зградите спроти Холидеј Ин

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Собрани 250 потписи: Граѓаните од Ново Маало за изградба на зградите спроти Холидеј Ин

Жителите од Ново Маало, од викендов масовно собирале потписи за петиција со која бараат Општина Центар и Владата да постапат согласно законите и да овозможат изградба на комплексот кој е предвиден да се гради на паркингот на Холидеј Ин. Денеска известија дека за само еден ден успеале да соберат 250 потписи од сопственици на имот. Со петицијата, како што велат, даваат целосна поддршка на инвеститорот и најостро ги осудуваат најавите и барањата на поединци, организации и институции за стопирање на проектот.

„Крајно сме револтирани од предлозите за суспензија на планот и притисокот за ова кој го прават луѓе кои живеат во удобни домови, наспроти жителите на Ново Маало кои со децении живеат во услови кои ни одблиску не наликуваат на хумано домување. Доколку дојде до таква постапка, подготвени сме да излеземе на протест, да ја блокираме работата на Општина Центар, секако на цивилизиран начин, како и да поднесеме тужба до надлежните органи за претрпена штета од 1930 до 2021 година, но и до Стразбур, стои во известувањето.

На петицијата може да се потпишат и други сопственици на имот кои не дошле до информација за петицијата досега и треба да се обратат на меил адресата zitelinovomaalo@gmail.com за да го изразат својот интерес.

Галеријата во продолжение


Слично

Поврзани вести