Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собири на ГДОМ во Велес, Битола и Кочани

Собири на ГДОМ во Велес, Битола и Кочани

Во Велес, Битола и Кочани вечерва ГДОМ одржа собири.

Тони Михајловски, член на ГДОМ, во обраќањето пред присутните, порача дека се подготвени да направат се за да ја зачуваат Македонија.

„Тука сме за да ја зачуваме земјата и да им ја оставиме на оние што доаѓаат по нас. Да им кажеме дека оваа земја е наша колку и нивна и ние сме народ на оваа земја и ние знаеме да сакаме“ - рече Михајловски.

Филип Петровски вели дека нема да дозволат Зоран Заев од Македонија да направи Украина. Александар Пандов од ГДОМ рече дека година и пол земјата е заложник на Заев.

„Сакаат да не закрват, но нема да им успее ова да го сторат. Ние знаеме кој работи за доброто на народот и неговиот просперитет. Македонија е исправена на нозе“ - кажа тој.

Задутре ГДОМ ќе има голем собир во Скопје.

Слично

Поврзани вести