Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собири на ГДОМ во Битола, Штип и Велес

Собири на ГДОМ во Битола, Штип и Велес

Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва во 19 часот, ќе одржи  собири на плоштадите во Битола, Штип и Велес.

Од ГДОМ ги  повикаа граѓаните да излезат против деструктивните сценарија на опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите.

„Деструкцијата и насилието кои што се спроведуваат од приврзаниците на СДСМ не е израз на волјата на мнозинството. Кога насилието ќе го замени разумот, кога пресметките ќе се главна содржина на политичкото дејствување, тогаш нема напредок. Тоа граѓаните ќе го осудат. Македонија мора да оди напред, да се развива“ - велат од ГДОМ.

ГДОМ минатата недела одржа масовни собири во Скопје, каде граѓаните мирно го покажаа својот револт од кризата наметната од опозицијата.

Слично

Поврзани вести