Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со законските измени, 6 отсто од персоналниот данок и ДДВ ќе оди за општините

Со законските измени, 6 отсто од персоналниот данок и ДДВ ќе оди за општините

Во 2024 на сите општини во државата ќе им бидат доделени 6 отсто од персоналниот данок и од данокот на додадена вредност (ДДВ), потврди денеска премиерот Зоран Заев, откако вчера Владата го утврди текстот на измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

„Приходите од персоналниот данок од 3 ќе се зголемат на 6 проценти до 2024. Од ДДВ исто така зголемувањето ќе биде на 6 проценти . Тоа се стабилни приходи во буџетот на општините и се намалуваат доспеаните а неплатени обврски. Се очекува зголемување на транспарентноста и отчетноста на сите средства кои се доделени од држават“, објави Заев.

Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека приходите на општините од личниот данок на доход ќе биде од физичките лица кои живеат во самата општина. Во 2022 од истиот општините ќе добиваат 4, во 2023 ставката ќе биде 5, а од 2024 предвиодено е да стигне до 6 проценти.

Дотациите од ДДВ за општините кои сега ги добиваат од централниот буџет се 4,5 отсто, а во 2024 ќе бидат 6 проценти. Помеѓу, во 2023 износот ќе биде 5 отсто, а во 2023 ќе биде 5,5.

Заев очекува поголема финансиска транспарентност и финансиската дисциплина од општините со овој закон и забрзана изградба на спортски и здравствени објекти на локално ниво, прочистителни станици, градинки, училишта и подобрување на јавните услуги

„Процесот на децентиализација треба да им овозможи на општините да бидат финансиски стабилни. Сега одиме со трајни законски решенија за системска функционалност и независност и со тоа на привлекување на нови инвестиции. Измените се во насока на подобруивање на фискалниот капацитет и зголемување на приоходите на општините“, додаде Заев.


Слично

Поврзани вести