Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со заеднички грант од 4,5 милиони евра ќе се управува Дримскиот басен

Со заеднички грант од 4,5 милиони евра ќе се управува Дримскиот басен

Со грант од 4,5 милиони евра за Македонија, Албанија, Грција, Црна Гора и Косово, ќе се заштитува и управува Дримскиот басен. Проектот за заедничко управување , кој предвидува фаза на подготовка од 6-8 месеци и главна фаза за реализација во времетраење од 48 месеци, беше одобрен од Советот на Глобалниот еколошки фонд при Програмата за развој на ОН на последната седница одржана во Вашингтон, а беше поднесен од групата  „Дрим-кор“ група и Економската комисија за Европа при ОН (УНЕЦЕ).

Досегашната изработка на овој проект од неколку фази траеше неколку години, а за македонската страна го работеше Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат и член на „Дрим кор“ групата. „Верувам во капацитетите дека проектот ќе биде успешно спроведен затоа што во него ќе учествуваат стручни лица од институции и од граѓанскиот сектор. Сето тоа ќе придонесе да се постигне целта за квалитетно управување на Дрим и езерата и да се оствари бенефит за населението. Лично сум задоволен што идејата и мојата мисија конечно се исполнети“, изјави Паноски.
Слично

Поврзани вести