Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со владина мерка вработени 12.000 млади до 29 години

Со владина мерка вработени 12.000 млади до 29 години
Завршува мерката за вработување на млади до 29 години, а досега се реализирани 12.000 вработувања  на оваа категорија. Ова го истакна заменик­ министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска при посета на чевларска фирма во Куманово,  каде се  ангажирани 180 вработени, од кои 57 се млади  вработени лани и во тековната година. „Оваа мерка завршува денеска. После две години слободно можам да кажам дека ја постигна својата цел, дека е една од најупсешните мерки кои ја имаме реализирано како МТСП и преку Агенцијата за вработување. Мерката за вработување на млади до овој момент вроди со цели 12.160 вработувања“ - изјави Спасов. Тој нагласува дека мерката започнала да се реализира во март 2014 година. Со проектот за вработување млади лица до 29 години, започнала и иницијативата за воведување на проектот „Македонија вработува". Мерката им помага на компаниите за проширување на бизнисот и за зголемување на бројот на вработени.
Слично

Поврзани вести