Со „Визер“ ќе се лета до три нови дестинации
Берлин, Копенхаген и Братислава се трите нови авиолинии до кои ќе се лета два пати неделно од Скопскиот аеродром.
Нискобуџетната компанија „Визер“ и ТАВ Македонија денеска пред јавноста ќе ги промовираат овие нови дестинации.
Билетите се пуштени во продажба и почнуваат со цени од 599 денари.
Надлежните веруваат дека и овие три нови дестинации ќе бидат исто толку популарни како и другите 21 со кои оперираат во македонската мрежа.
„Визер“ од македонските аеродроми лета до 24 дестинации кон 11 земји а поврзува 115 дестинации низ 38 земји.
Слично
