Со Вип до BlackBerry Q10
BlackBerry Q10 ги поседува најнапредните технички карактеристики применети во неодамна лансираниот Z10.
Тој се карактеризира со 1.5 GHz двојадрен процесор со 2GB RAM меморија со кој се овозможени големи брзини; 16GB интерен простор за чување податоци и простор за дополнителна мемориска картичка; 3.1 – инчен екран на допир со најнова технологија за висока густина, острина и јасност на сликата и секако редизајнирана физичка QWERTY тастатура, која овозможува голема прецизност при користењето.
Карактеристично за BlackBerry Q10 е тоа што во него е веќе вградена најновата верзија 10.1 од оперативниот систем, за првпат беше вграден во BlackBerry Z10, кој на корисниците им овозможи нови, современи, забавни, корисни и пред се уникатни карактеристики, меѓу кои: BlackBerry® Hub – новата парадигма која овозможува употреба и навигација на повеќе апликации истовремено; Новиот BlackBerry® Messenger што овозможува на корисниците едноставно да ги споделат работите од нивниот екран, како слики или документи, како и да креираат група, со своите соговорници и BlackBerry® Balance™ технологијата која ги заштитува сите службени податоци и апликации кои корисникот може да ги чува одвоени од приватните податоци и профили.
Телефонот може да се најде в продажните салони на Вип
Слично
