Со велосипеди битолчани го блокираа влезот на градот
Битолчани денеска со велосипеди го блокираа влезот на градот од страната на Охрид.
Велоспедите ги наредија така што го затворија целиот мост, а над нив имаше транспаренти на кои пишуваше „Не преживувај, живеј“ и „Наведната глава сонце не гледа“. Блокадата траеше час и половина, а возилата мораа да патуваат по обиколницата за да влезат во градот. Демонстрантите бараат оставка од Владата и битолскиот градоначалник, Валдимир Талески.
„Каде е нивниот револт кога умираат родилки со нивните бебиња? 61 мртво новороденче во првите три месеци од 2016 година. Каде беше нивниот револт кога почина Тамара? Каде е нивниот револт кога ќе слушнат дека некој нивни близок има респираторно заболување, како резултат на загадувањето? Каде е револтот, кога ќе слушнат дека некој/а другар/ка, си заминува во странство? Кој е лицемер? Ние што не се помируваме и си ги преземаме нашите животи во наши раце или тие што молчат и се соучесници преку нивната тишина“- велат граѓаните кои беа присутни на блокадата.
Задутре ќе преземат порадикални мерки за изразување револт кон оваа власт.
