Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со торта ВМРО-ДПМНЕ прослави 24 години постоење

Со торта ВМРО-ДПМНЕ прослави 24 години постоење

По повод 24 години постоење на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска со торта организираше свеченост, а на 17 јуни се навршуваат 24 години од основањето на партијата.

Лидер на партијата е Никола Груевски кој денеска пред бројните сопартијци истакна дека најголемиот успех на партијата во овие 24 години е што остана нераскинлив дел од народот, кој е нејзина најголема сила и оти ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја развива Македонија и да ја направи економски посилна, пишува курир.

На свеченоста присуствуваа членовите на највисокото раководство на партијата, министри, сегашни и поранешни пратеници, ветерани и основачи на партијата, членови на УМС, како и претставници на дипломатскиот кор.

- Сакам да се заблагодарам и на секој граѓанин за вреднувањето на ова што го работиме и за довербата што ни ја даваат девет пати по ред, во последните девет години, победи на девет изборни циклуси. Тоа е нашата енергија, народот е нашата енергија. Нашите успеси се заеднички, а кога се заеднички успесите тие се и поголеми, изјави Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Македонија од 2006 година.

     
Слично

Поврзани вести