Со Termin.mk до меден месец во Барселона и посета на Muzeiko во Софија
Веб апликацијата за електронска проверка на термини во свадбени локации, игротеки и конференциски сали, Termin.mk по повод својот 2 роденден подготви изненадување за сите оние кои ги користат нејзините услуги.
Имено, за најсреќниот иден брачен пар кој ќе ја договори својата свадбена прослава преку нивната веб апликација, Termin.mk му обезбедува меден месец во Барселона. Од друга страна пак, доколку веќе поминавте низ овие слатки свадбени “маки” и сега се справувате со уште послатките предизвици, Termin.mk заедно со Вашите најмили ве носи на несекојдневен фамилијарен викенд во Софија, во посета на детскиот научен центар Muzeiko и зоолошката градина. Сè што треба да направите е да го договорите роденденот на Вашето дете во една од игротеките од базата на Termin.mk. За да ви бидат работите појасни, посетете го блогот на Termin.mk каде се објаснети едноставните неколку чекори што се бараат од вас.
Покрај електронската проверка на слободните термини во рестораните за свадби, на располагање ви се и попустите поврзани со денот на Вашата свадба. Имено секој оној кој ќе го направи она што се бара за да учествува во промоцијата организирана од Termin.mk, може да се стекне и со купон со кој значително може да заштеди на важни елементи поврзани со денот на свадбата. Па така, ем може да си добиете бесплатно патување во Барселона, ем да заштедите на декорација, музика, венчаница итн. Истото важи и кај игротеките... доколку договорите роденден преку Термин Ви следува купон со кој можете да обезбедите роденденска торта, анимација или кетеринг на супер попуст. На крајот, заштедување и време, и пари, и може да си добиете бесплатно супер патување.
Од Termin.mk за оваа година најавуваат неколку новитети, со една единствена цел, подобрување на сервисот. На нас останува да си пребаруваме термини и редовно да ги следиме J.

Слично