Со такси лани превезени 25 855 000 патници
Лани со 2 .414 такси автомобили се превезени вупно 25 855 000 патници.
Ова е наведено во соопштението на Државниот завод за статистика. Од нив 22 174 000 се во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз се превезени 3 681 000 патници. Со истиот број на возила се поминати вкупно 77 384 000 километри од кои 62 623 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз се извозени 14 761 000 километри.
Со истражувањето за такси-превоз се опфатени 2 414 патнички автомобили од 208 извештајни единици.
Слично
