Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со свој камен по глава - ЕУ со штети во милијарди од санкциите против Русија

Со свој камен по глава - ЕУ со штети во милијарди од санкциите против Русија

Австрискиот институт за економски истражување во најновата анализа тврди дека санкциите кои ЕУ им ги наметнаа на Русија, а се иницирани и поддржани од сад имаат големо негативно влијание врз бизнисот. Така според истражувањето економијата на ЕУ претрпела штета од неверојатни 30 милијарди евра.

Извозот на ЕУ членките кон Русија бележи пад од 15 проценти на годишно ниво ако се земат статистиките од 2014 година па наваму. Поради санкциите Русија го загуби четвртото место како трговски партнер на ЕУ.

АИЕИ (WIFO) проценил дека извозот на ЕУ во Русија од 120 милијарди евра пред четири години потонал до очајни 72 милијарди евра во 2016 година. Грција има најголеми штети со пад на извозот од дури 23,%, Хрватска е следна со пад од 21 процент, а Австрија има пад од 10%.

Русија на наметнатите санкции одговори со ембарго на увозот на земјоделски производи од земјите членки на ЕУ како и земјите кои ги поддржаа санкциите.


Слично

Поврзани вести