Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со свечена програма и забава „Кроација Осигурување–Живот“ заокружи 10 успешни години во Македонија

Со свечена програма и забава „Кроација Осигурување–Живот“ заокружи 10 успешни години во Македонија

Водечката осигурителна компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот, во средата (20.05.2015 година) прослави 10 години од своето постоење на македонскиот осигурителен пазар.

kroacija 2

Во присуство на своите најблиски соработници, стратешки партнери, како и во присуство на осигурениците и вработените, компанијата го прослави постигнатиот успех изминативе 10 години.

kroacija zabava5

Прославувањето започна со добротворен концерт за помош и поддршка на фондацијата „Златна рипка“.  Присутните уживаа во богатата концертна програма на камерен гудачки оркестар како и во балетска изведба со македонски орнаменти.

kroacija zabava7

Вечерта продолжи со свечено обраќање на првиот човек на групацијата Croatia Osiguranje – Претседателот на Управен одбор на Croatia Osiguranje Загреб, Г-дин Санел Волариќ. Тој ја честитеше десетгодишнината од постоењето на Компанијата и горд на постигнатиот успех вети дека работењето ќе продолжи во исто темпо.

volarik kroacija zabava

Свое обраќање имаше и Претседателот на Одборот на Директори во Кроациа Осигурување – Живот АД. Скопје – Г-дин  Жељко Јукиќ.  zeljko lukic

Тој ги спомена тешките почетоци на Друштвото како и напорната работа и трудот кој бил потребен да се вложи за да се постигне  денешниот успех.

Претседателот на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурување, Г-динот Климе Попоски,  ја честиташе годишнината, ги поздрави првите исплати на осигурени суми за доживување и се осврна дека свеста на македонскиот граѓанин за животното осигурување веќе е на значително високо ниво.

klime popski

За постигнатиот успех, на своите осигуреници, а особено на својот тим на вработени се заблагодари и г-ѓата Вилма Учета Дузлевска, Генерален Директор на компанијата.

vilma 1

Таа свечено врачи благодарници на најзаслушните соработници Брокерското Друштво ВФП како и најдобриот Застапник г-ѓата Зеније Мустафи, а благодарница за укажаната доверба и лојалност доби и првиот осигуреник г-динот Тихо Ристовски. Интересно е да се напомене дека Г-динот Ристовски е и првиот осигуреник кому му беше исплатена сума за доживување од страна на компанијата, а веднаш по исплатата склучил две нови полиси.

vilma

Честитајќи ја 10 годишнината на компанијата за животно осигурување свое обраќање имаше и Генералниот Директор на Друштвото за Неживотно осигурување, Г-динот Гоце Вангелевски.

goce vangelevski kroacia

Тој истакна дека друштвата ќе продолжат со своето синергично делување тежнејќи кон успехот и задоволство на своите осигуреници.

Забавата продолжи на платото на Македонскиот Народен Театар  каде за одличната забава на присутните се погрижија Елена Ристеска и Тони Цетински.

kroacija zabava

kroacija zabava3

kroacija zabava4

kroacija zabava1

kroacija zabava2

Слично

Поврзани вести