Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО СТРАШНА КЈУ ТРЕСКА ЗАРАЗЕНИ ГРУПА СТУДЕНТИ, ПАНИКА ВО САРАЕВО: Имаат температура 40 и трае дури три недели

СО СТРАШНА КЈУ ТРЕСКА ЗАРАЗЕНИ ГРУПА СТУДЕНТИ, ПАНИКА ВО САРАЕВО: Имаат температура 40 и трае дури три недели

Околу 20 студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево се разболеле, додека кај четворица студенти е потврдено дека се заразени со Кју треска.

Неофицијално, учениците се заразиле за време на часовите во Земјоделскиот Институт Бутмир, кој е во сопственост на кантонот Сараево. Инфекцијата настанува при директен контакт со животни, а симптомите се слични на грипот, пренесува Српскаинфо.

Заразените со Кју треска имаат висока температура над 40 степени, силни главоболки, треска, тешка малаксаност, мијалгија и потење. Зголемената температура може да трае од една до три недели.

Според сведочењето на учениците, во ПД Бутмир имало лоши хигиенски услови и евидентирани случаи на кожни заболувања кај учениците, дознава Кликс.

Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина Мухамед Смајловиќ рече дека имаат неколку случаи, но наведува дека се уште е рано тоа да се поврзе со наставата во ПД Бутмир, т.е. фармата Бојник. И покрај тоа што не се сигурни како дошло до инфекцијата, нагласуваат дека наставата во тој дел превентивно е прекината.

„Има неколку случаи, сега не знаеме дали може да се поврзат со ПД Бутмир. Рано е воопшто да се зборува за тоа. Веќе ја започнавме анализата на примероците што доаѓаат и ја прекинавме наставата. Иако немаме директна врска со тоа, прекинавме се и се преселивме во други наставни бази“, рече Смајловиќ.

Тој додаде дека според барањето на инспекцијата во моментов се врши анализа на наодите, а доколку мострите бидат позитивни, информацијата ќе биде доставена до увидот.

„Се анализираат примероците од фармата, да видиме што ќе биде. Доколку резултатите од анализата се позитивни, дефинитивно мора прво да ги доставиме на инспекција. Тоа функционира со тоа што лабораториите добиваат налог од инспекцијата и ние никому не смеемеда кажуваме за наодите или за резултатите освен на оној од кој е побарано тоа да се направи“, рече Смајловиќ.

ФОТО: ФБ

Слично

Поврзани вести