Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со став се јави и Еди Рама по тензиите на Косово

Со став се јави и Еди Рама по тензиите на Косово

За тензиите на Косово, со реакција се јави и албанскиот премиер Еди Рама. 

Вели дека нападите на северот на Косово се за осуда, Белград треба да влијае на Србите, а Европската Унија (ЕУ) да интервенира.

„Нападите врз ЕУЛЕКС се за секаква осуда без двоумење, како што е за осуда секој акт на насилство врз косовската полиција. Повторното појавување на барикадите на северот на Косово е во спротивност со секој закон и со секој дух на дијалог и не само што не решава ништо, туку напротив дополнително усложнува сè“, реагира Рама.

Кажа одложувањето на изборите од страна на косовските власти е сигнал на кој Белград мора одговорно да одговори.

„Одложувањето на изборите од страна на претседателката на Република Косово е значаен сигнал, на кој високите власти на Белград мора да одговорат со ист дух и чувство на одговорност, како не би дозволиле натамошна ескалација на дестабилизирачките акти“, посочува тој.

Горан Ракиќ од Српска листа прво повика на мир, а потоа кажа дека косовските специјалци за вечерва планираат прогон на Србите од северот на Косово. 

Слично

Поврзани вести