Економија, финансии, бизнис

Контакт

Балкански бренд за поголема соработка на македонските и бугарските бизнисмени

Балкански бренд за поголема соработка на македонските и бугарските бизнисмени
Нема да има ограничување на извозот на македонските земјоделски производи во Бугарија. Според претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски, ваквите информациите се неточни, а зад нив стои група луѓе чија цел е да ги нарушат традиционално добрите трговски односи со соседите. За време на денешната средна на бугарската и  Стопанската комора на северозападна Македонија, беше истакнато дека приоритет останува развивањето на економскиот потенцијал во регионот, а се повтори идејата за создавање балкански бренд за поконкурентен настап на трети пазари, како важна цел за бизнисмените од регионот. Претседателите на Македонско-бугарската стопанска комора и Стопанската комора на северозападна Македонија денеска потпишаа и меморандум за соработка. „Бизнисот секогаш брзо и правилно ги донесува одлуките. Сите ги имаме истите идеи и визии, од пресуден интерес за нас се пазарот и капиталот, истакна Темелковски. Тој го информираше својот колега Мендерес Кучи дека Македонско-бугарската стопанска комора наскоро ќе организира два форума, еден во Скопје и втор во Софија. Сп Меморандумот се предвидува продлабочување на економската соработка меѓу компаниите, заеднички настап и освојување на трети пазари и размена на информации.
Слично

Поврзани вести