Со регионална соработка до повеќе пари од туризмот
Продолжуваат разговорите околу иницијативата за создавање единствен туристички производ на земјите од Југоисточна Европа. Планот е во понудата да се запази посебностите на секоја од државите, но истовремено соработката да овозможи атрактивен пакет за привлекување посетители од целиот свет. За врене на средба на туристичките работници од регионот во Белград присутни беа претставниците на туристичкиот сектор од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хравтска и Црна Гора.
Тие ќе се обидат да пронајдат заеднички бренд за сите овие земји на кој би се надополниле одделните понуди на секоја од нив градејќи единствен производ што ќе се нуди на странците.
Слично
