Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со референдум ќе се одлучи дали ќе се измени Законот за амнестија

Со референдум ќе се одлучи дали ќе се измени Законот за амнестија

Владата попушти и одобри распишување референдум за измени за Законот за амнестија, соопшти денеска Мери Николова од Граѓанската иницијатива за измени на овој Закон.

Со оваа информација таа ја смири револтираната толпа од роднини на затвореници кои протестираа пред Влада.

Семејствата бараат да се ослободат  затворениците кои одлежале повеќе од половина од затворската казна, поради пренатрупаноста во затворите и лошите услови.

Референдумот ќе биде биде успешен ако 10 илјади граѓани ги дадат своите потписи.

Инаку, околу педесетина луѓе излегоа на денешниот протест пред Влада и ја блокираа улицата ,,Илинденска”. Според некои очевидци, разгневената толпа во еден момент сакала да влезе во Владата.

Николова пак, тврди дека полицијата употребила прекумерна сила и рече дека  ќе бара да се истражи случајот.

Слично

Поврзани вести