Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со ребалансот на буџетот ќе има повеќе пари за здравството

Со ребалансот на буџетот ќе има повеќе пари за здравството

Обезбедени се повеќе пари за здравството и капитални расходи, за поддршка на економијата и граѓаните, за пензии и плати, со ребалансот на буџетот кој денеска е усвоен во Собранието. 

Собранието попладнево со 56 гласови „за“ и 37 „против“, го изгласа ребаланост на Буџетот за 2021 година.  Со ребалансот вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на првичните проекции. За власта, буџетот е развоен и насочен кон стопанството и граѓаните. Опозицијата тврди дека тој ќе го зголеми долгот на граѓаните и ќе ги однесе во уште поголема сиромаштија. Стапката на инфлација е предвидено да биде 2,1 процент. Се очекува растот на економијата за годинава да изнесува 4,1 отсто. 

За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во Собранието.

Слично

Поврзани вести