Со промотивни видеа до зачувување на природата
Во кино „Фросина“ денеска ќе бидат презентирани промотивни видеа, кои ќе испратат порака за зачувување на природата во Македонија.
Целта е преку овие видеа да се помогне нашата земја, да ја зачува билошката разновидносот и природните екосистеми преку нивно одржливо управување и користење. Програмата е со активности на национално, регионално и локално ниво, со акцент на реката Брегалница и источниот плански регион.
Центарот за развој на источен плански регион е стратешки партнер на програмата, а реализацијата на програмските активности е во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, општините кои гравитираат кон Брегалничкиот слив, Агенцијата за планирање на просторот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумарскиот факултет во Скопје.
Програмата ѝ помага на нашата земја, во остварување на барањата на NATURA 2000, еден од предусловите за членство во ЕУ.
Слично
