Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со профит од 35,3 милијарди долари „Apple“ ги надмина очекувањата на аналитичарите

Со профит од 35,3 милијарди долари „Apple“ ги надмина очекувањата на аналитичарите

Профитот на компанијата „Apple“ги надмина очекувањата на аналитичарите.Во тромесечието кое заврши на 30-ти јуни, „Apple“ оствари 6.9 милијарди долари профит. Вкупниот приход изнесува 35,3 милијарди долари или нешто повеќе од минатогодишните 35 милијарди.

Иако растот е многу голем „Apple“ работеше подобро отколку што очекуваа аналитичарите, па поради тоа акциите на оваа компанија по објавувањето на резултатите пораснаа за 5 проценти.

Продадени се 31.2 милиони „iPhone“ уреди, 14.6 милиони „iPad“ и 3.8 милиони „Mac“ компјутери. „iTunes“ на компанијата и донесе 2.4 милијарди долари приход.

-Бројот на продадени „iPhone“ телефони нуди утеха за инвеститорите кои се загрижени околу побарувачката за паметни телефони. Тоа е една од причините поради која скокнаа акциите. Очекувањата не беа големи за овој квартал - истакна аналитичарката Шенон Крос.

Покрај тоа што ги оправдаа и ги надминаа очекувањата на аналитичарите од „Apple“ не успеаа да остварат профит поголем во овој квартал во однос на истиот период од минатата година.

Слично

Поврзани вести