Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ПРАВО ИЛИ НЕ: Сметките за МТВ дигнаа нервоза кај граѓаните!

СО ПРАВО ИЛИ НЕ: Сметките за МТВ дигнаа нервоза кај граѓаните!

Одлуката на УЈП предизвика лавина реакции кај граѓаните. Откако УЈП минатата недела ги повика граѓаните кои имаат заостанати долгови истите да ги платат во најкраток можен рок (до крајот на неделава), на шалтерите во МРТ се создаде метеж.

Редици луѓе секојдневно чекаат на шалтерите за да може да се објаснат со шалтерските работници, дали и колку должат за РДТ. Објаснувањето на граѓаните за натрупаните долгови е различно. Дел од нив проблемот го лоцираат во немањето пари кога на куп ќе се соберат и сметките по други основи, а дел пак велат дека за нив е нејасно зошто да плаќаат радиодифузна такса кога воопшто не ја гледаат програмата на јавниот сервис.

-Што нуди МРТ за да јас плаќам? На мојот телевизор не е ниту меморирана, зошто да плаќам за нешто што не го користам и не го гледам. Сметам дека не е коректно сега и вака со уцени дека ќе бидеме блокирани, да не тераат да им платиме, вели граѓанин.

ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА РАДИОДИФУЗНА ТАКСА: Проверете дали го има Вашето име на листата на УЈП!

-Некако секогаш овие сметки ги оставав последни за плаќање, се случуваше и од немарност да не ја платам сметката. Неколку месеци немам платено сметка, објаснува граѓанин.

Оние што редовно ги плаќаат сметките велат дека иако навреме плаќаат, не се задоволни од услугата.

-Плаќам редовно, ама не сум задоволен, не ја гледам МРТ, не нудат ништо посебно во програмата, емитуваат стари филмови, емисии, а не сум задоволен и од вестите, вели граѓанин.Но морам да плаќам, оти ќе ми дојдат извршители, вели граѓанин.

Дел од граѓаните реагираат дека иако платиле сметки не е направено ажурирање на долгот.

- Јас имам платено а долгот не е избршан, и сега повторно треба да чекам и да се објаснувам, вели граѓанин.

Што побара УЈП?

Во соопштението УЈП посочи дека за да не се соочат со присилна присилна наплата и блокирање на нивните сметки, што се дополнителни трошоци, граѓаните сами да си ги платат заостанатите долговите до 15-ти овој месец.

-Оние што должат , за долгот можат да се инфрмираат и преку самите сметки за РДТ , каде е наведен долгот.  Најдобро е да се плати што посокоро за да се избегнат блокадите.  Допнително ќе се обелодени бројот на граѓани и фирми што ќе бидат блокирани, откако ќе заврши постапката, посочија од УЈП .

Бран на блокирани сметки поради неплатени долгови за РТД имаше на почетокот на годинава. И тогаш дел од граѓаните реагираа дека се блокирани и покарј тоа што го платиле долгот, но имаше и случаи на присилна наплата на РДТ на адреси за кои веќе е платена давачката , односно двојно плаќање за иста услуга. Од Управата посочувуваат дека  ажурирањето на списоците на должници го врши МРТ, кои потоа се праќаат до УЈП.

Во март годинава на листата на должници објавена од УЈП имаше над 45.000 должници за  радиодифузна такса објавена. Освен граѓаните и фирмите се законски обврзани да плаќаат радиодифузна такса.

Според последните податоци, во земјава има околу 500  илјади  обврзници за радиодифузна такса. Плаќањето на радиодифузната такса се врши врз основа решението за утврдување на радиодифузна такса, “РДТ-ФЛ“ за семејните домаќинства, односно “РДТ-ПЛ“ за правните лица, кои од 1 јанури 2011 година ги издава Управата за јавни приходи. Рокот за плаќање е најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.Во случај на задоцнето плаќање, се пресметува камата од 0,03% на износот кој нема да се платите во законскиот рок и тоа за секој ден задоцнување.Уплатата може да се изврши  на шалтер и електронски. Сметката за РТД изнесува 190 денари. Лани поради неплатена радиодифузна такса УЈП замрзна околу 20 илјади сметки на граѓани.

Колку пари се слеваат во касата на МРТ по основ на радиодифузна такса?

Според еден од јавно достапните стенограми од Собраниска седница на која пратениците дебатирале за годишниот извештај на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија, лани јавниот сервис остварил добивка од околу 701 илјада евра, како резултат на остварени пониски трошоци и зголемен процент на наплата на побарувањата по основ на радиодифузна такса.Вкупните приходи на МРТ лани изнесувале скоро 22,5 милиони евра.Остварениот приход од радиодифузна такса изнесувал скоро 14 милиони евра, а фактурираните побарувања по овој основ изнесувале 9.512.122 евра.

-Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, основен извор на средства за покривање на трошоците за создавање и емитување на програмите и за техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис е приходот од радиодифузна такса. Во 2014 година по основ на радиодифузна такса во МРТ е остварен вкупен фактуриран приход во износ од 858.528.442 денари кој зазема учество од 89,9% во вкупно планираните средства за РДТ. Наплатата пак, на вкупно фактурираните побарувања по истиот основ во текот на 2014 година изнесува 584.995.521 денари или 68,1%, се посочува во годишниот извештај.

Освен радиодифузната такса, други извори на финансирање на МРТ се Буџетот на РМ за финансиска подршка на работењето на МРТ кој учествува со 18,1 отсто во вкупните приходи,   потоа приходите од маркетинг услуги со 3,7 отсто, приходи по основ на технички и други услуги (коментаторски позиции, ISDN линии) во земјата и странство кои во вкупните приходи учествуваат со 0,4%.

Ј.С

Слично

Поврзани вести