Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ПОТПИС НА ПРИТВОРЕНИОТ ЗЕЌИРИ: Договор за привремени вработувања во Влада

СО ПОТПИС НА ПРИТВОРЕНИОТ ЗЕЌИРИ: Договор за привремени вработувања во Влада

Владата ќе и плати на приватната агенција за вработување „Спид“ 130.000 евра за привремени вработувања. Договорот е склучен на 11 март годинава, а потпис ставил доскорешниот генерален секретар во Владата Мухамед Зеќири. Станува збор за договор со времетраење од една година, а услугите за привремени вработувања ќе се користат по потреба на Владата. Ова е еден од договорите кои ги склучил Зеќири во последниот месец од неговиот ангажман како генерален секретар во Владата. Во договорот кој е објавен на страницата на е –набавки не е прецизирано колку луѓе за колкав период ќе се ангажираат. Од релизацијата на услугата ќе зависи и вкупната вредност на договорот кој инаку е склучен на вкупна сума од 8 милиони денари.

Инаку според објавеното на порталот за набавки на огласот се јавиле повеќе компании или вкупно шест, но била избрана „Спид“.

Владата и претходно ангажираше Агенции за вработувања за да ги реализира привремените вработувања.

Во ноември 2019 година тогашниот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, најави укинување на можноста за вработување преку агенциите за привремени вработувања поради можност од злоупотреба. Сепак и после три години привремени вработувања има. Манчевски тврдеше дека вработувањата на определено време, поради начинот на кој се регулирани оставаат можност за злоупотреба. Постапката за селекција и вработување, врз основа на заслуги, според него, не се применува преку користење на институтот отстапување на работник од Агенциите за привремени вработувања

Нема соодветна контрола ниту дали луѓето се ангажираат по заслуги или по партиски клуч. 

Последниот владин договор го потпишал Зеќири кој моментно е во триесетдневен притвор, кој Кривичниот совет на судот завчера го потврди па поранешниот генерален секретар остана во Шутка. Судот ја одби жалбата на неговата одбрана во случајот во кој Зеќири се сомничи дека го оштетил државниот буџет со злоупотреби на јавна набавка за консултанстски услуги склучена во четириочи наместо преку тендер. Со него осомничени се и двајца хрватски државјани.

Во меѓувреме Зеќири поднесе и оставка на функцијата, а на негово место е избран Методија Димовски.

А.Т.


Слично

Поврзани вести