Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со помош од ЕУ ќе се изработи систем тарифирање на водата

Со помош од ЕУ ќе се изработи систем тарифирање на водата

Воспоставување економски инструмент за имплементација на првите чекори за примена на принципот „загадувачот плаќа“ во секторот води, собирање и третаман во согласност со идниот развој на финансиски одржливи инвестициски проекти, е крајната цел на изработката на студија за тарифи за вода.

Проектот, кој почна на 7 мај, а се очекува да заврши до јуни идната година е финансиран од Европската унија, преку ИПА програмата, а ќе се имплементира во водоводните претпријатија во Прилеп, Скопје и Куманово.

Идејата, според министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, е да се направи посебно регулаторно тело за води и да се воспостави систем за тарифирање на водата, што сега е  во надлежноста на општините.

- Во земјава секоја општина има посебна методологија, за која немаме увид дали се применува или не. Идејата е да имаме унифицирана методологија, според која ќе се утврди точната цена на вода за пиење и третман на води што значи треба да утврдиме реална цена за водата со цел да имаме самоодржливии системи.  Секоја општина ќе треба да има посебна цена на водата за пиење и за третман на отпадни води, каде ќе бидат калкулирани сите трошоци за вода, што можеби ќе значи повисока цена за вода за граѓаните, но и поквалитетна услуга, за количините и квалитетот на водата, појасни Адеми.

Македонија, додаде, како земја кандидат за членство во Европската унија е исправена пред големи предизвици во секторот води, посебно во однос на исполнувањата на барањата содржани во директивите на ЕУ кои се однесуваат на водоснабдувањето, собирањето и третманот на отпадните води.

- Во таа насока многу е важно да  се воспостават механизми кои ќе им овозможат на општините самостојно  да почнат да ги прават и првите чекори во спроведувањето на  двата многу важни принципи  врз кои се базира одржливото управување со сите инвестициски и комуналните објекти кои се во функција на заштита на животната средина, а тое се примена на приниципот „загадувачот плаќа„ за влијанијата врз животната средина и принципот за  надоместување на трошоците за дадените услуги, рече Адеми.

Квалитетот на водата, според евроамбасадорот Аиво Орав, е клучен елемент за подобрување на квалитетот на живот.

- Живееме во свет кој брзо се менува, каде водата е скапоцен ресурс и затоа мораме да имаме интегриран пристап во водењето со ресурсите ефективно и ефикасно. Проектот ќе ги предложи најдобрата методологија за навремена имплементација, ќе ги разгледа досегашните тарифи за вода, а крајниот резултат ќе биде предлог на нови тарифи, а паралелено со тоа ќе биде направен економски инструмент за избалансирано тарифирање, рече Орав

Слично

Поврзани вести