Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски заедно со директорот на Државни патишта, Коце Трајановски, направија увид на работите на автопатот Охрид Кичево.

Тој информираше дека за прв пат се промоцира зимско асфалтирање на минусни температури и токму на автопатот Кичево -Охрид.
„Направивме огромна мобилизација преку 300 машини и преку 600 работници секојдневно работат на трасата. До почетокот на летна сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 km од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 ќе го изградиме целиот автопат. Правиме историска работа за Охрид, Струга и регионот, граѓаните заслужуваат модерен автопат. Ја градиме Македонија“, напиша тој на фесјбук.


Слично

Поврзани вести