Со подвижни судови Унгарија ќе ги гони илегалните мигранти на лице место
Унгарија следната недела ќе ги отвори првите подвижни судови на границата со Србија, со кои ќе ги гонат мигрантите кои илегално ја преминуваат границата, пренесе МКД.
Судовите ќе содржат судии и обвинители, а судењето ќе се одржува во близина на границата.
Првите подвижни судници ќе почнат да работат во унгарските села Реске и Ашотхалом, во близина на српската границата.
Унгарската влада неодамна усвои нов пакет закони со кои се заоструваат мерките за справување со миграните. Со новиот закон се предвидува притвор и депортација на илегалните мигранти и остри казни за трговците со луѓе.
А, граничната ограда што се гради долж границата со Србија веќе е при крај.
Слично
