Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со платежни картички ќе се плаќаат административните такси

Со платежни картички ќе се плаќаат административните такси
Со платежни картички граѓаните од идната година ќе можат да го вршат плаќањето на административни такси и останати услуги за добивање на документи.  Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев денес истакна дека во иднина граѓаните наместо најпрво да одат на шалтер во пошта или банка и таму да плаќаат уплатница за такса, сега доколку имаат платежни картички тоа ќе може да го направат на самите шалтери на институциите, каде ќе бидат поставени апарати за користење на платежните картички, слично како што тоа се прави во останатите локали и продавници од приватниот сектор. - Граѓаните и компаниите ќе може да уплатат за добивање на определена услуга или такса кон институциите со платежна картичка и преку интернет од својот компјутер. Тие ќе треба да ги пополнат податоците, да кажат за која услуга аплицираат, да извршат трансфер и ќе добијат верификационен код. Овој код кој е потребен за добивање на услугите, граѓаните кога ќе одат во институциите ќе го покажат, службеникот ќе го провери и ќе ја изврши услугата, изјави Ѓорѓиев. Овој проект, според најавите до крајот на оваа година ќе биде пилотиран во Министерството за внатрешни работи и Министерството за транспорт и врски.    
Слично

Поврзани вести