Со план вреден 7 милијарди евра до рекапитализација на „Пиреја банк“
Oдобрeн е планот за рекапитализација на втората по големина грчка банка „Пиреја банк“. Како што соопштија од банката вака ќе се запази нејзината солвентност, додека истовремено се уверени дека ќе соберат доволно средства од приватни извори за да се избегне национализација.
Според условите на меѓународниот договор за спас на Грција, банките треба да покријат 10 проценти од своите потреби за рекапитализација од приватни извори, со цел да се избегне потпаѓање под државна контрола. Денеска од „Пиреја банк“ објавија дека акционерите го одобриле планот вреден 7,3 милијарди евра.Ова соопштение стигнува еден ден откако банката го потпиша договорот за купување на малата Милениум банк, филијала на португалската групација Милениум во Грција, во замена на купување на акции во Пиреја банк од страна на португалската банка.
Слично
