Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со пари од Светска банка ќе се реализираат капитални инвестиции во општините

Со пари од Светска банка ќе се реализираат капитални инвестиции во општините

На државата Светска банка и стави на располагање 25 милиони евра.

Овие пари ќе бидат потрошени за капитални инвестиции во општините. Одлуката на Светска банка да и стави на располагање на Република Македонија 25 милиони евра  е уште една добра вест и верификација на економските политики на Владата, тврди министерот за финансии, Кирил Миновски.

„Станува збор за кредит кој има за цел подобрување на квалитетот на општинските услуги. Во периодот кога беа закажани изборите дојде до извесно одлагање на овој износ од 25 млиони евра. Со информацијата дека ни се одобрени овие средства се дава еден позитивен импулс на инвестициската активност на ниво на единици на локална самоуправа со што ќе дојде до изградба на инфаструктурни објекти, водоводи и училишта на локално ниво - изјави Миновски во интервју за ТВ Сител.

Тој објасни дека со првите средства од кредитот беа реализирани речиси 70 капитални проекти на локално ниво. Ќе има повик на кој општините ќе можат да аплицираат со нивни проекти за користење на овие средства.

Слично

Поврзани вести