Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со пари од „Скопје 2014“ реновирана скопска гимназија

Со пари од „Скопје 2014“ реновирана скопска гимназија

Со пренамена на средствата предвидени за проектот „Скопје 2014“ се реновираат скопските средни училишта, истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Едно од нив е и скопската гимназија „Орце Николов“, каде што градоначалникот покажа што е реновирано до сега.

Гимназијата „Орце Николов“ е едно од средните училишта кое во новата учебна година ќе има енергетски ефикасна фасада во согласност со современите стандарди за рационализација и заштеда на електричната и топлинската енергија. Како што појасни на денешната прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во гимназијата „Орце Николов“ се работи на реконструкција на фасадата преку санирање на бетонските делови, поставување на „демит“ фасада во деловите каде што недостасува и освежување на боите на циглите. 

Притоа, како што посочи тој, се водело сметка во консултација со проектантот и Асоцијацијата на архитекти на Македонија фасадата да не трпи визуелни промени заради задржување на постојниот надворешен изглед на училиштето. Во рамки на реконструкцијата на гимназијата се врши и промена на внатрешната и надворешната столарија, реконструкција на подовите на училниците, партерно уредување, поставување бекатон на паркингот на училиштето и нови пет рефлектори за надворешно осветлување. 

Градоначалникот Шилегов рече дека реконструкцијата на фасадите ги опфаќа сите средни училишта кои имаат потреба од тоа. 

- Висината на вкупните средства за оваа намена изнесува речиси 60 милиони денари за 19 училишта, кои ќе добијат енергетски фасади, санација на кровови, надворешна столарија, подови, електрика и греење, рече Шилегов и додаде дека дел од училиштата започнуваат и со адаптација на тоалети за лицата со посебни потреби. Овие средства, како што истакна Шилегов, се обезбедени со пренамена на средствата

Слично

Поврзани вести