Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со одбрани професии Романците и Бугарите ќе можат да работат во Франција

Со одбрани професии Романците и Бугарите ќе можат да работат во Франција
Романците и Бугарите во иднина ќе можат да работат во Франција како фризери, автомонтери и носачи на мебел,ова се професиите со кои Романците и Бугарите во иднина ќе можат да работат во Франција,  соопштија романските медиуми. Достапни професии се, исто така, и градинари и менаџери за персонал во кујна. Списокот вклучува уште и сектори како градежништвото, хотелиерство  земјоделие, риболов, индустрија трговијата  како и професии во областа на информатиката, банкарскиот и финансискиот систем. Францускиот пазар на трудот за Романците и Бугарите се проширува на 291 професии, во однос на досегашните 150, во секторите во кои работодавачите не можат да најдат персонал, соопштија вчера Министерството за внатрешни работи и за труд во заедничко коминике, цитирано од електронското издание на француското списание „Поан“. Ова олеснување е објавено од владата на 22 август, кога беше укинат и данокот што работодавачите требаше да го плаќаат за наем на граѓаните од овие две земји.
Слично

Поврзани вести