СО НОЖ ГО ИЗБОДЕЛ ВО ВРАТОТ И СТОМАКОТ, ДРУГИОТ ГО ПРЕТЕПАЛ: Напаѓач дивеел на Копаоник, момчињата ги повредил пред сендвичарница
На Копаоник синоќа околу 23 часот се случил инцидент во кој
се уште неидентификуван млад човек од Рашка нападнал двајца, исто така млади луѓе од Чачак. Едното момче го прободел со нож во пределот на вратот и
стомакот, додека другиот се здобил со тешки телесни повреди откако го претепал.
- Момците од Чачак присуствуваа на тим билдинг на Копаник, каде по завршувањето отидоа ди киоскот за брза храна, каде настана хаос. Ја гледав снимката, момчето се затрчува од далечина отприлика десетина метри, и неиспровоцирано извади нож и го избоде младиот човек, а другиот го претепа нанесувајќи му тешки телесни повреди - изјавил за РИНА еден од очевидците.
Избодениот млад човек најпрвин бил однесен во здравствена установа во Нови Пазар, а потоа бил пренесен во Белград бидејќи има животозагрозувачки повреди, пишуваат српските медиуми.
Напаѓачот од Рашка е во бегство и по него интензивно се трага.
