Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со нови владини реформи до полесно и поевтино регистрирање фирма

Со нови владини реформи до полесно и поевтино регистрирање фирма

Нови владини мерки за подобрување на бизнис климата и деловното опкружување беа промовирани денеска. Со новините,  треба да се поедностават постапките за основање фирма во Централниот регистар на Република Македонија, но и да се намалат , односно укинат трошоците на субјектите за регистрација на фирма доколку се изведе на начинот кој се пропишува со оваа нова реформа. Ваквите реформи ги усвои Владата на поседната седница, а се веќе доставени и во собраниска процедура.

Според портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, досега фирма се основаше, односно впишуваше во Централниот регистар по електронски пат и во хартиена форма, односно со достава на поднесокот на самиот шалтер на Централниот регистар или неговите подружници. Со новата реформа, покрај постоечките се дава и нова можност, односно субјектот, кој сака да основа фирма тоа да го направи и преку специјализирани регистрациони агенти.

„Очекуваме дека со оваа реформа Република Македонија ќе оствари нов позитивен чекор во делот на оценката за бизнис климата и деловното опкружување, и дека ќе се остварат позитивни ефекти и за субјектите кои сакаат да основаат фирма, ќе се зголеми бројот на електронско основање на фирма и електронско постапување во сферата на бизнисот и дека ќе се остварат и повеќе позитивни ефекти во поглед на работата на дејноста на сметководителите“, посочи Ѓорѓиев.

Слично

Поврзани вести